Klimaneutraler versand | Gratis ab 99€
100% Zufriedenheit
Weinshop Wangi Exclusive Wines

Филтри

0

Филтри

0

Винарија Далвина

За винаријата Далвина

Далвина е релативно млада, но просперитетна винарија со колективен склад и капацитет на продукција од 6 милиони литри. Низ секој чекор од производството воведуваме најмодерна технологија, почнувајќи од гроздоберот па се до ферментацијата - со цел да создадеме високостандарден производ кој не се заснова врз метод, колку што врз страст.

Како винари, ние се стремиме да ги истакнеме уникатните карактеристики на гроздовите, почвата и микроклимата на пределот - и да ги стопиме во течна уметност.

Од каде се тие?

Лозовите насади и винаријата се наоѓаат во долината на реките Струма и Струмешница, во Струмичко-Радовишкиот регион во југо-источна Македонија. На надморска височина од 380 метри, насадите се прегрнати од високите планини, владее медитеранска клима, а ноќите ги разладува умерен студен ветер.

Во периодот на вегетација просечната температура на воздухот изнесува 20.2°C. Со многу сончеви денови кои годишно ги има 210 во просек, ниска атмосфрска влажност и малку врнежи - здравите гроздови се основна карактеристика на нашиот регион.

 

Вина Далвина

Легендите велат дека најдобрите вински подруми на Дионис, богот на виното, се наоѓаат во струмичката долина. На истиот денес му се оддава почест со празникот Св. Трифун на 14-ти февруари. При археолошките ископувања во оваа област се пронајдени траги од умешноста и традицијата на винарството во Античка Македонија, и со помош на најновите технологии, во вкусот и добро воспоставениот карактер на нашите вина го имаме вградено традиционалното мајсторство.

Секое од нашите вина е богато со вкусови, моќно и егзотично, тропско, чисто, живописно, овошно, со голема јачина и индивидуален карактер, со допир на слаткост и може да се конзумира младо и свежо, како и одлежано, кога станува уште позабележителна неговата комплексност.

Повеќе за винаријата Далвина

Индикатори за квалитет на вино
Сложеност
Висококвалитетните вина се покомплексни во нивниот профил на вкус. Тие често имаат бројни слоеви кои ослободуваат вкусови со текот на времето. Овие вкусови можат да се појават на небото едно по едно, што ви дава време да уживате во секој пред да се појави следниот.
Биланс
Петте компоненти - киселост, танини, шеќер / сладост, алкохол и овошје - мора да бидат избалансирани. За вината што треба да созреат неколку години за да достигнат зрелост, тие имаат време што им е потребно за да постигнат оптимална рамнотежа.
Типичност
Друг индикатор за квалитетот на виното е типичноста или како виното изгледа и вкусува како што треба. На пример, колку виното Мерло „има вкус на Мерло“.
Интензитет и завршна обработка
Висококвалитетните вина изразуваат интензивна арома и долготраен финиш, а аромите траат по проголтањето на виното. Аромите што исчезнуваат веднаш може да покажат дека вашето вино во најдобар случај е со слаб квалитет.
1
Weinshop Wängi Europe | Wein Mazedoniens
Powered by limun.co