Винарија Далвина
Далвина е релативно млада, но просперитетна винарија со колективен склад и капацитет на продукција од 6 милиони литри. Низ секој чекор од производството воведуваме најмодерна технологија, почнувајќи од гроздоберот па се до ферментацијата - со цел да создадеме високостандарден производ кој не се заснова врз метод, колку што врз страст.
Како винари, ние се стремиме да ги истакнеме уникатните карактеристики на гроздовите, почвата и микроклимата на пределот - и да ги стопиме во течна уметност.
Лозовите насади и винаријата се наоѓаат во долината на реките Струма и Струмешница, во Струмичко-Радовишкиот регион во југо-источна Македонија. На надморска височина од 380 метри, насадите се прегрнати од високите планини, владее медитеранска клима, а ноќите ги разладува умерен студен ветер.
Во периодот на вегетација просечната температура на воздухот изнесува 20.2°C. Со многу сончеви денови кои годишно ги има 210 во просек, ниска атмосфрска влажност и малку врнежи - здравите гроздови се основна карактеристика на нашиот регион.
Легендите велат дека најдобрите вински подруми на Дионис, богот на виното, се наоѓаат во струмичката долина. На истиот денес му се оддава почест со празникот Св. Трифун на 14-ти февруари. При археолошките ископувања во оваа област се пронајдени траги од умешноста и традицијата на винарството во Античка Македонија, и со помош на најновите технологии, во вкусот и добро воспоставениот карактер на нашите вина го имаме вградено традиционалното мајсторство.
Секое од нашите вина е богато со вкусови, моќно и егзотично, тропско, чисто, живописно, овошно, со голема јачина и индивидуален карактер, со допир на слаткост и може да се конзумира младо и свежо, како и одлежано, кога станува уште позабележителна неговата комплексност.